Мајкрософт за пет минути изгуби 17 милијарди долари

Од:

Aкциите на „Мајкрософт“ вчера забележаа пад на цените откако федералниот судија нареди привремено прекинување на договорот со ЈЕДИ што Пентагон го додели на компанијата минатата година.

Поради падот на цените на акциите, технолошкиот гигант изгуби 17 милијарди долари пазарна вредност за само пет минути.

Пазарната вредност на „Мајкрософт“ сега е околу 1,4 билиони долари, покажуваат податоците на „Блумберг“.

Тоа е третата највредна фирма на светот, по Ејпл и Сауди арамка, кои вредат 1,43 и 1,77 билиони долари.

Судот донесе одлука откако „Амазон“ минатата недела поднесе барање до Министерството за одбрана да го суспендира договорот од 10 милијарди американски долари наречен Проект за заедничка одбранбена инфраструктура (ЈЕДИ).

Целта на проектот е да се изгради простор за чување и управување со чувствителни воени и одбранбени податоци.

Пентагон го додели овој проект на „Мајкрософт“, со што го исфрли „Амазон“ кој важеше за фаворит. По загубата, „Амазон“ се обиде да ја оспори одлуката, обвинувајќи го Пентагон за пристрасност, пренесува Банкер.

Судот донесе одлука за привремено прекинување на доделување на проектот се додека не се расчисти правната битка за овој договор.

Би можело да ве интересира

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

ЕК одобри Мајкрософт да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари

Ана Ололовска

Рекорден нето профит на „Мајкрософт“ од преку 20 милијарди долари

Ана Ололовска

Мајкрософт ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба

Ана Ололовска

Мајкрософт ја продолжува соработката со Хуавеј

Ана Ололовска

Познати и успешни жени од ИТ светот со охрабрувања за младите девојчиња да влезат во СТЕМ професиите

Ана Ололовска