Локалните акциски групи (ЛАГ) ќе добијат 10 милиони денари поддршка од државата

Од:

Десет милиони денари државна помош ќе добијат годинава Локалните акциски групи (ЛАГ-ови). Во Македонија се регистрирани вкупно 13. Тие денеска и официјално ги добија решенијата од Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што рече ресорниот министер Љупчо Николовски пред доделувањето на решенијата, ефикасното функционирање на ЛАГ-овите беше тема за која долго време само декларативно се зборуваше, додека во пракса ситуацијата беше статус-кво.

– Нашата крајна цел е регистрирање ЛАГ-ови на целата територија на Македонија и нивно активно вклучување во креирањето, но и корегирањето на земјоделските политики, истакна Николовски.

Локалните акциски групи се вид јавно приватно-партнерство во кое се вклучени земјоделци, земјоделски здруженија, деловни субјекти и општини. Овој модел на заедничко функционирање овозможува висок степен на демократија и учество во реализирање на приоритетите, пред се, на поединците од соодветните подрачја каде што е формиран ЛАГ-от.

Руралниот развој, здравството, земјоделството, културата, социјалата, …, се само некои од сферите на чие подобрување се фокусирани Локалните акциски групи.

Според Министерството за земјоделство, во Македонија би можеле да се формираат околу 20 ЛАГ-ови. Земјава уште нема добиено акредитација од ЕУ за повлекување средства наменети за Локалните акциски групи, но процедурата, како што информира министерот, е во тек. Се очекува од 2020 година да имаме целосен пристап до фондовите преку ИПАРД програмата.

Министерството за земјоделство води регистар на ЛАГ-ови. Само Локална акциска група впишана во регистарот ќе може да биде корисник на средствата од ЕУ и на државната помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата