Лансиран е „Binance Junior” – крипто апликација за семејства и за млади

Од:

Binance, најголемата платформи во светот за криптовалути го претстави Binance Junior, иновативна апликација дизајнирана да овозможи безбедно и активно учење за дигитални средства за деца и тинејџери на возраст од 6 до 17 години, под надзор и контрола на родителите.
Binance Junior им овозможува на родителите да креираат потсметки поврзани со нивните главни Binance профили, што им дозволува да:

• Управуваат со крипто штедни сметки на своите деца под целосен родителски надзор;
• Обезбедат едноставен, детски-пријателски интерфејс за учениците;
• Подучуваат финансиска писменост и дигитална економија како дел од семејниот план за долгогодишно богатство.

Според Binance, целта на оваа нова апликација е да создаде безбедно и контролирано опкружување каде што младите можат да учат за светот на криптовалутите без пристап до ризични функции за тргување. Апликацијата нуди ограничен „минорски режим“, каде што корисникот ќе може да го следи својот биланс, да праќа/прима крипто и да ја следи својата штедна прогресија, но ќе нема пристап до трговски или сложени финансиски функции.

Како функционира Binance Junior?

Родителите можат да:
• Изберат Binance Junior во главната Binance апликација и да започнат регистрација;
• Го инсталираат Binance Junior на детскиот уред;
• Поврзат сметка преку QR-код со главниот профил на родителот.

Binance потсетува дека никогаш не е претерано рано да се почне со образованието за финансиите и дигиталните средства, а Binance Junior служи како алатка со која родителите заедно може да ги развиваат финансиските навики на своите деца.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо до крипто-заедницата – клучни точки

Горан Наумовски

Месечни пазарни согледувања – Притисок врз ликвидноста, стеснување на алткоин-пазарот и структурни промени

Неделен пазарен преглед: Крипто-пазарите влегуваат во фаза на намалување на ризикот додека ликвидноста се намалува

Консензус за стабилните коини – заклучоци од WEF Давос 2026

Неделен пазарен преглед: Доларот во слободен пад, акциите за рударење биткоини растат

Катерина Ѓуровски

Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance