ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно укажа дека зголемувањето на даноците од 10 на 18 проценти ќе доведе до крах на економскиот и финансискиот систем.
Лилјана Кузмановска на прес-конференција истакна дека СДСМ не смее да се однесува неодговорно и оти ваквите политики ќе значат пропаст за домашните компании, намалување на интересот за инвестирање, опасност од инфлација и зголемување на невработеноста.
– Очигледно е дека СДС не ја научи лекцијата на зголемување на даноци, имајќи ги предвид неколкуте неуспешни обиди од пред 2006-та година за зголемување на данокот од 15, 18 и 24 проценти кои ја втурнаа државата во пропаст. Со ваквите непромислени политики на зголемување на СДС повторно ќе се активира сивата економија, даночната евазија и ќе стане секојдневие и навика, рече Кузмановска.
Таа додаде дека и во текот на вчерашниот ден Министерството за финансии ги задолжило граѓаните за дополнителни 15 милиони евра.
– Но, на побараната сума од страна на Тевдовски и СДС од 1,140,500,000 денари, реализирани биле само 900,000,000 денари или 15 милиони евра по каматна стапка од 3.8 отсто. Ова е всушност показател дека немаат доволно доверба во економската политика на новата Влада, се однесува на банките, рече Кузмановска.