Кризата во Шпанија опасна за цела еврозона

Од:

Кризата во шпанското стопанство би можело да ја ослаби економијата во целата еврозона, тврди извршниот директор на американската агенција за анализа на рејтингот на државите во регионот на Европа, на Блискиот Исток и Африка „Фич“, Ед Паркер.

Тој наведе дека буџетскиот дефицит на Шпанија и понатаму е многу висок и дека земјите-членки на еврозоната дури за неколку години ќе успеат, доколку ги спроведат сите договорени реформски мерки, да ја стабилизираат економската ситуација.

Приходот од шпанските државни обврзници повторно почна да расте, а инвеститорите предупредуваат дека земјите-членки на еврозоната малку работаат на заздравувањето на економската клима.

– Економијата на еврозоната се наоѓа во рецесија и поради тоа се додека ситуацијата не се подобри и не почне растот, инвеститорите ќе бидат воздржани, посочува Паркерт.

Економската активност во Шпанија се намали во последниот кварт од минатата година за 0,7 отсто во споредба со претходното тримесечје. Шпанија, годинава според владините проекции, треба да го намали буџетскиот дефицит на 4,5 отсто, но поголемиот број домашни и странски економисти оценуваат дека таа цел, во услови на продолжена рецесија, е неостварлив.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени