КРАЈ НА МИТОВИТЕ: Револуционерна заштита ве чека во Минт Инс.

Од:

Секој ден носи нови предизвици, а животот ретко оди по планираното сценарио. Иако тоа веќе го знаеме, многумина сè уште ја одложуваат одлуката да се осигураат – убедени дека „има време“ или дека „не им треба“.

Но, што ги спречува луѓето да се заштитат навреме? Одговорот често лежи во разните митови за осигурувањето кои се пренесуваат од човек на човек, без реална основа. Во Минт Инс, веруваме дека вистинската сигурност започнува со информирана одлука, навремено донесена.

Што ви нудиме во Минт Инс?

Пред да ги разоткриеме најчестите митови за осигурувањето, вреди да знаете што точно можете да осигурате со Минт Инс. Како осигурително брокерско друштво, во Минт Инс соработуваме со осигурителните компании за да ги најдеме најдобрите осигурителни производи за потребите на нашите клиенти.

Преку Минт Инс можете да склучите различни видови на осигурувања вклучувајќи:

Авто-одговорност осигурување
КАСКО осигурување
Зелен картон
ЦМР осигурување
Патничко осигурување
Животно осигурување
Имотно осигурување
Осигурување од Општа и Професионална Одговорност
Осигурување од последици од несреќен случај
Дополнително Приватно Здравствено Осигурување
Осигурување ДОМ
И сите останати видови на осигурувања

Најчестите митови за осигурувањето

Во продолжение ги откриваме најчестите митови за осигурувањето и вистината која стои зад нив.

Мит 1 „Осигурувањето е само за повозрасни луѓе“

Ова е еден од највкоренетите митови посебно помеѓу помладите. Многумина веруваат дека животното осигурување е потребно само кога ќе се „остари“ или кога се појават здравствени проблеми. Напротив, колку порано се осигурате, толку повеќе предности добивате.
Полисите се поповолни кога сте млади и здрави, и имате можност да изградите солидна финансиска заштита за Вас и вашето семејство. Дополнително, раната инвестиција може да значи и поголем поврат преку полиси со штедна компонента.

Мит 2 „Осигурувањето е скапо и не ми се исплаќа“

Ова е честа претпоставка, особено кога месечниот буџет е ограничен. Но, реалноста е поинаква. Во зависност од типот на полисата, месечната премија може да биде иста како еден ручек во ресторан.
За таа мала сума добивате огромна вредност, финансиска поддршка во критични моменти, кога најмногу ви е потребна. Постојат различни пакети што одговараат на различни буџети, а нашите брокери се тука да ви помогнат да го изберете најоптималното решение.

Мит 3 „Ќе се снајдам ако нешто се случи“

Овој мит е можеби најштетниот, бидејќи се темели на надеж, а не на план. Многу луѓе веруваат дека „не се случува ништо страшно“, додека не се случи. Никој не е имун на животни непредвидливости. Болест, сообраќајна незгода, загуба на работоспособност – сето тоа може да има сериозни последици.
Животното, здравственото или незгодното осигурување не е трошок, туку безбедносна мрежа што ви овозможува да се справите со последиците без финансиски шок. Наместо да се „снајдете“, подобро е однапред да бидете подготвени.

Мит 4 „Ќе се осигурам кога ќе ми треба – сега не ми е приоритет“

Животот не ве прашува кога ви е згодно да се случи нешто неочекувано. Колку подолго чекате, толку повисоки може да бидат премиите, а во одредени случаи дури и да не можете да се осигурате ако во меѓувреме се појави здравствен проблем. Вистинската одлука се носи денес, не утре.

Мит 5 „Пријавата на штета е комплицирана и долга постапка“

Многумина сè уште веруваат дека пријавувањето на штета е комплицирана процедура, полна со бирократија, чекање и документи. Тоа можеби важело порано, но денес, работите се драстично променети.
Благодарение на дигитализацијата и модерните осигурителни платформи, процесот на пријава на штета е значително поедноставен и побрз.
Во Минт Инс, настојуваме целиот процес да биде транспарентен, ефикасен и лесен за клиентите. Дел од процедурите може да се завршат и онлајн, без непотребни доаѓања или чекања.

Изберете Минт Инс – Изберете сигурност
Не дозволувајте митовите да ве држат подалеку од безбедна иднина. Дозволете ни да ви помогнеме да изградите сигурност, чекор по чекор. Нашата мисија е да ви помогнеме да донесете правилна, навремена и информирана одлука.
Нашиот тим е тука да ве води, со почит, брзина и разбирање. Затоа не дозволувајте разните митови за осигурувањето да ве одвратат од навремена заштита. Вашата иднина заслужува заштита. А со Минт Инс, таа е во сигурни раце.
Контактирајте не на [email protected], телефон 15 107, или во една од нашите филијали.

Би можело да ве интересира

100.000 во твојот џеб за 15 минути! Сѐ што ти треба, на дофат на рака со Mint Visa Card

Обезбедете ја иднината со Mint Ins животно осигурување

Mint Visa Не е само картичка. Тоа е „да“ – кога другите ти велат „подоцна“

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

А1он

Дијаманти, признанија и џез: MINT FinTech Group повторно ги награди своите највредни колеги

Новите производи се тука! MintBonus со нови изненадувања за лојалните клиенти

Катерина Ѓуровски