Контроли за користење на земјоделското земјиште во Светиниколско, се подготвува јавен оглас за давање под закуп

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, врши контроли за утврдување на правото на користење на државното земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе, а во фаза е и на подготовка на јавен оглас за давање под закуп и јавен повик за продажба на земјиште под оранжерии. Од Министерството ги демантираат информациите дека ќе објават јавен повик за користење земјоделското земјиште, кои, како што велат, поттикнуваат земјоделците на узурпирање на земјиштето.

Како што појаснуваат од МЗШВ, јавниот оглас за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост е за површини до и над три хектари во регионот на Свети Николе. При јавен оглас МЗШВ одлучува кои парцели ќе бидат објавени, за кои се плаќа годишна закупнина.

– Во оваа насока, се превземаат интензивни активности за расчистување на земјоделското земјиште од противправното користење на земјиштето и ослободување на истото од узурпаторите, кои во минатиот период без основ го користеле. Овие активности се одвиваат во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, велат од МЗШВ.

Целта, потенцираат, е да се добијат слободни површини што ќе можат да се понудат за користење на вистинските земјоделци.

– Шпекулациите во овој регион дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе објави јавен повик за користење на земјоделското земјиште, а кои се поттик да се узурпира земјиштето најостро ги демантираме и ги известуваме земјоделците дека Министерството во овој период не планира објавување ваков повик, велат од Министерството.

При јавен повик за користење државно земјоделско земјиште, парцелите не ги објавува Министерството, туку само објавува јавен повик за прибирање на понуди, при што самите земјоделци поднесуваат барања и елаборати за парцелите за кои што сакаат да склучат договор со МЗШВ.

Од ова Министерство апелираат земјоделците да не посегнуваат кон против-правно заземање на земјиштето бидејќи, како што посочуваат, контролите на инспекторите се во тек и нема да се толерира незаконско користење на државното земјоделско земјиште од физички и правни лица, за кое следува изрекување на глоби и казни согласно законот за земјоделското земјиште.

Оттаму информираат и дека согласно Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост и методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделското земјиште во државна сопственост под оражнерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство се подготвува јавен повик за доставување понуди за интерес за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите кои се во функција на земјоделското производство.

Преку оваа постапка, велат од Министерството, ќе се овозможи сопствениците на оранжериите и објектите кои се во функција на оранжериите да можат да го откупат државното земјоделско земјиште по пазарна вредност утврдена со методологијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата