Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Од:

“Успеавме”!-низ солзи радосници извика малиот уметник Филип Симоновски Циглењак, дете на спектарот со исклучителна дарба за сликање, кој беше една од испирациите за одржување на првиот Меѓународен Конгрес за Аутизам и АДХД и кој се претстави со своја самостојна изложба на уметнички слики, а изложбата беше комплетно распродадена.

Под мотото “Заедно за спектар на можности”, во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, во соработка со Здружението на педијатри на Р. Македонија и организацијата “Во мојот свет” во периодот од 13-15 ноември Скопје беше домаќин на доктори и експерти во оваа област од нашата земја и странство.

Конгресот претставува втора фаза од големата кампања за лицата со аутизам и АДХД која оваа година е во фокусот на компанијата Зегин како една од најголемите општествено одговорни компании кај нас.

Со богата тридневна програма и пренос во живо од сите три дена, низ модераторската палка на Ана Зафирова, македонската јавност имаше можност да ги слушне излагањата на врвните експерти кои несебично ги споделија своите знаења и искуства пред бројната публика во која беа присутни голем број на стручни лица, здруженија и родители на деца со АСН и АДХД, кои пак ги споделија сите предизвици со кои се соочуваат низ едно секојдневие и одблизу ни ја доближија сликата за тоа како е да се живее на спектарот.

“Преку оваа голема кампања сакаме да ја подигнеме свеста, да едуцираме и да потсетиме дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Упатуваме повик за сочувство, за вклучување на светот да го види сјајот во она што може да изгледа како хаос. Аутизмот не е загатка што треба да се реши, туку ремек дело што треба да се цени. Да задржиме простор за неговата убавина, да ги почитуваме неговите предизвици и да се бориме за иднина каде што секој човек од спектарот ќе биде виден, слушнат и прифатен” ни изјавија од Фондацијата Д-р Верица Механџиска.
Од Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска упатуваат голема благодарност до сите присутни предавачи, доктори, специјалисти, родители и сите останати кои беа дел од овој научен и навистина емотивен настан и едногласно заклучуваат- оваа кампања нема да сопре тука и сега.

Програмата од Конгресот можете да ја проследите на следниов линк.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија

Првиот меѓународен конгрес за аутизам и АДХД преку онлајн пренос ќе овозможи пристап до стручни сознанија за пошироката јавност

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

Компанијата „ЗЕГИН“ го отвори својот тренин Центар за обука на вработените

Успешно заврши Меѓународниот турнир во пинг понг ЗЕГИН Опен 2024