Колку е корумпирана Европа?

Од:

„Транспаренси интернешнл“ денеска во Брисел го објави својот извештај „Колку е корумпирана Европа?“ во кој се анализираат причините за корупција во 25 европски земји.

Блиските врски меѓу бизнис круговите и владите во многу европски земји ја поттикнуваат корупцијата и ја поткопуваат економската стабилност, се наведува во извештајот на невладината организација „Транспаренси интернешнл“.

Документот укажува на пропусти во законите кои им прогледнуваат преку прсти на политичарите, лоби групите и лобирањето, финансирањето на политичките кампањи и пристапот на општеството до информациите во многу европски земји.

„Во Европа многу од институциите, кои ја дефинираат демократијата и ја прават државата способна да се справи со корупцијата, се мошне слаби“, рече Кобус де Свард, директорот на „Транспаренси интернешнл“.

Според извештајот четири земји во Јужна Европа, Грција, Италија, Португалија и Шпанија покажуваат сериозен дефицит при презентирањето на активностите во јавниот сектор и во нив констатирани длабоки проблеми со ефикасноста, корупцијата и нарушувањето на законите.

Новите членки на ЕУ, Бугарија и Романија продолжуваат да предизвикуваат најголема загриженост, а Данска, Норвешка и Шведска се најдобро заштитените земји од корупција со своите силни контролни органи, ревизори, судскиот систем и агенциите за примена на законите.

„Транспаренси интернешнл“ ја повика ЕУ да даде пример, со тоа што ќе усвои структурни правила за своите сопствени институции.

Извештајот е направен со оценка на над 300 национални институции во 25 европски земји. Многу влади не дале доволно информации по прашањето за склучувањето на договорите за јавни набавки, кои се во вредност од 1,8 билиони годишно.

Во документот се наведува дека само две од проценуваните земји, Норвешка и Велика Британија, адекватно ги заштитуваат оние кои откриваат информации за злоупотреба и корупција.

Би можело да ве интересира

Тасева: Само со политика и декларативност не може да се промени состојбата со корупцијата

Ана Ололовска

Македонија најлошо рангирана досега според индексот на корупција на Транспаренси интернешнл

Ана Ололовска

Извештај на Транспаренси интернешнал за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Ана Ололовска

Конкурс за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото

Ана Ололовска

Транспаренси Интернешнел Македонија поднесе кривична пријава до ОЈО во врска со незаконски исплати од Агенцијата за филм

Ана Ололовска

Транспаренси Интернешнел Македонија со поддршка на омбудсманот за заштита на човековите слободи и права во постапките во ЈО

Ана Ололовска