„Кока-кола“ и „ПепсиКо“ ги затвораат фабриките во Русија

Од:

„ПепсиКо“ во јуни ќе ја затвори фабриката за производство на сокови во Раменск во Подмосковљ, додека нејзиниот главен ривал „Кока кола“ ја затвора фабриката во Њижњи Новгород.

Како што пренесе „Итар Тасс“, менаџерот за комуникации на „Кока Кола“, Хеленик Јевгенија Моглиева изјави дека е сопрено производството на две линии и дека производството се сели од Њижњи Новгород на пет други локации.

Таа потврди дека тие две производни линии го претставуваат целосниот капацитет на фабриката.

„ПепсиКо“ ја затвора фабриката Вим Бил Дан со цел да ги оптимизира производните капацитети на компанијата и да обезбеди нејзин понатамошен одржлив развој на пазарот за сокови.

Од јуни 2015 година, производството на сокови ќе биде концентрирано во фабриката Лебеѓански во Липецката област, соопшти компанијата, пренесе „Интерфакс“.

Порано беше објавено дека во 2014 година „ПепсиКо“за прв пат имал намалени приходи на рускиот пазар поради девалвација на рубљата, но и компанијата исто така соопшти дека значително е намалена продажбата на нејзините производи на рускиот пазар.

„Кока Кола“ во својот извештај навела дека негативно влијание на продажбата имал падот на приходи на населението, сложената геополитичка ситуација и вкупните макроекономски трендови.

Инаку „Кока Кола“ работи во 28 држави во светот и е водечка компанија за призводство на пијалаци во Европа. Во Русија има 12 фабрики во кои дневно се произведуваат 12,5 милиони литри пијалаци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва