Кога хуманоста допира до срцето: Mozzart донираше ехо апарат и овозможи бесплатни прегледи за новороденчињата во Прилеп

Од:

Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.

„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.

Првите прегледи веќе се извршени, и тоа бесплатно, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.

„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата – тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Ова не е првпат Mozzart да покаже дека зад нивното име стои вистинска грижа за заедницата. Нивната хуманост досега допре до бројни здравствени установи низ Македонија – од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други

Би можело да ве интересира

Фудбалот оживува во Охрид! Mozzart ја започнува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – токму од бисерот на Македонија!

А1он

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум” – Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“.

А1он

Mozzart најпосакуван работодавач за 2024 година

За зелена иднина на новите генерации – Вработените од Mozzart засадија 2.500 садници во Кучково