Министертсвото за земјоделство ќе го разгледа барањето на пчеларите – и тие да бидат изземени од одлуката за ограничено движење на лица постари од 67 години или да добијат посебни дозволи. Но, дотогаш забраната за движење во посочените часови ќе мора да ја почитуваат.
-Владата донесе забрана согласно која лицата над 67 години имаат ограничено движење преку денот. Ова мора да се почитува. Но, секако, следејќи ја состојбата и активностите кои допрва доаѓаат и ќе земат се поголем интензитет на работа на поле, конретно кај пчеларите, ќе ги разгледуваме, но апелот е тие да се придржуваат и сите обврски кои може да ги звршат, да ги завшрат во периодот во кој досега важи забраната, истакна министерот Трајан Димковски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција одржана по електронски пат.
Вчера пчеларите од апелираа Владата да ја разгледа можноста за обезбедување посебни дозволо со кои тие би можеле да ги посетат пчеларниците. Според здружението „Пчела“ од Крива Паланка, посета на пчеларниците вобичаено прават еден до двајца пчелари на отворен простор што не преставува голема опасност за ширење на коронавирусот. За да нема злоупотреба, пчеларите предложија при контрола од полицијата како доказ да покажат имотен лист, односно регистарски број на операторот (РБО), издаден од ветернарните станици со име и презиме на пчеларот и локацијата на пчеларникот.
-Сите пчелари беа разлика на бројната состојба на нивните пчелни семејства и кошници, имаат законска обврска да се ргистрирани во матичните ветернарни станици и да го поседуват овој документ, а во април, заради добивање субвенции, се должни да го пријават бројот на презимени пчелни семејства, па посетите на пчеларниците се неопходни за увид во состојбата, изјави вчера Милош Славковиќ од здружението „Пчела“.