Канадските долари се топат

Од:

Националната банка на Канада неодамна пушти во промет нови банкноти од 50 и 100 долари за кои тврдеше дека е многу тешко да се уништат. Но, за кратко време се појави проблем. Не само што не е тешко да се уништат, туку излезе дека тие многу лесно се топат.

Портпаролот на Народната банка на Канада изјави дека банкнотите се дизајнирани да издржат температури до 140 степени целзиусови.

Граѓаните пак велат дека парите им се топат буквално во паричникот.

„Не можете да ги уништите во машина за перење, но можете да ги уништите во автомобил, ако времето е топло. Тие се топат“, изјави еден граѓанин.

Банката најави дека ќе ги замени оштететните банкноти и уште еднаш ќе направи испитување.

Како што е наведено тие се направени од полипропилен што потекнува од Австралија, каде што го користат од 1988 година.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана