Камбоџа воведе електронска регистрација на нови претпријатија

Од:

Во Камбоџа денеска профункционира електронски систем за регистрација на нови претпријатија, со кои наместо долгата административна процедура која траеше со недели, сега  регистрацијата се одобрува во еден ден.

Новите компании за регистрација ќе плаќаат околу 430 долари и се што треба да направат е копиите на документите да ги заведат под број 1 во својата документација.

Министерот за стопанство на Камбоџа Сун Кантол изјави дека со овој чин државата станува поатрактивна за странските инвеститори.

Камбоџа е и првата држава што воведе ваков систем за регистрација во пресрет на почетокот на првата фаза од функционирањето на десетте држави на АСЕАН како економска заедница, АЕК.

Заедницата АЕК, што по 10 години треба да функционира на принципи речиси идентични што сега важат во Европската Унија, со над 600 милиони жители, во 2025 година треба да остварува вкупен БДП од 16.000 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска