Како за крај на годината, компанијата ЗЕГИН ги израдува најмалите

Од:

Празниците носат радост, мир и многу желби за добро здравје и убава иднина.

Но, празниците се и за дарување од срце, за уште поголеми насмевки и радости,особено кај најмалите.

Изминативе денови во духот на празничната магија компанијата Зегин донираше новогодишни пакетчиња за дечиња од социјално загрозена категорија, а со пакетчиња ги израдува и лицата во Дневните центри за лица со аутизам и ментална или телесна попреченост.

Со помош на компанијата Зегин во печат излезе сликовницата “Чудесната Џунгла” на писателката Наташа Поповска, за која е издадена и аудио книга за лицата со оштетен вид.

Средствата од продажбата на сликовницата и аудио книгата ќе бидат целосно наменети за кардиолошкиот оддел при Детската Клиника во Скопје. Воедно, компанијата Зегин донираше и новогодишни пакетчиња за децата кои моментално престојуваат на Одделот за детска кардиологија и пулмологија.

На новогодишни пакетчиња се израдуваа и дечињата на самохрани родители од здружението One Can, како и дечињата од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација од Заводот за слух, говор и глас- Скопје.

Од компанијата потврдуваат дека овој тренд ќе продолжи и во Новата година, во која како и досега со нивна помош ќе се реализираат многу проекти за помош на семејства, установи, организации и здруженија, ќе се поддржуваат спортски и културни настани, ќе се создаваат нови пријателства и соработки кои ќе траат и ќе сведочат дека со заеднички заложби може да се постигне повеќе.

Компанијата Зегин е позната по својата општествено одговорност, а со своите хумани дела и донации има за цел да испрати силна порака и до останатите компании и поединци дека општествената свесност и одговорност е важен дел од секое општество, од секоја заедница.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Првиот меѓународен конгрес за аутизам и АДХД преку онлајн пренос ќе овозможи пристап до стручни сознанија за пошироката јавност

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

Компанијата „ЗЕГИН“ го отвори својот тренин Центар за обука на вработените