Самата помисла на градежни работи или реновирање на домот предизвикува вознемиреност и нервоза кај повеќето луѓе. Има многу причини за тоа и тие најмногу се засноваат на претходни негативни искуства како лоша комуникација со изведувачот или незадоволство од сработеното, месеци чекање мајсторот да дојде, а често има и непредвидливи трошоци кои излегуваат од предвидениот буџет.
Сепак, сега можете да здивнете, бидејќи за само неколку часа ќе можете да најдете сигурен, професионален и искусен изведувач каде и да сте во Северна Македонија. Сега конечно можете да се збогувате со долготрајна потрага по мајстор „во морето“ од резултатите од интернет пребарување и бројните телефонски повици до различни изведувачи.
Секојдневно брзо темпо на живеење и големиот број обврски кои генерално не можат да чекаат, нè наведуваат на заклучок: времето е највредниот ресурс! Токму недостатокот на време не спречува да си го уредиме домот, деловниот простор или градината во согласност со сопствените желби и потреби.
Потрагата по добар мајстор повеќе не е баук!
Без разлика дали се соочуваме со бетонирање, малтерисување, поставување клима, менување столарија или нешто друго, прашањето што речиси секој од нас ќе го постави на почетокот е: како да најдам добар мајстор? Одговорот обично го бараме во прелистувањето на жолтите страници или резултатите од пребарувањето на интернет, но сепак доаѓаме само до контакт, но не и до суштинските информации: како навистина работи тој мајстор? Дали тој ги исполнува нашите критериуми? За подетални информации како што се цената на неговата работа, можноста за одење на терен согласно тековните обврски и времетраењето на работата, мора да го контактираме телефонски. Сепак, ова сè уште не гарантира добар исход: дека работата ќе биде завршена токму онака како што сакаме, или за времето и парите што сме подготвени да ги потрошиме.
Во такви ситуации многу луѓе ќе се обратат за „помош кај пријател“. Роднините, соседите, пријателите можат да ни дадат препорака врз основа на нивното искуство, но тоа не е гаранција. Можеби тој мајстор одлично ја завршил работата токму кај нашиот познаник, а други муштерии биле незадоволни од него. Исто така, ако тоа не му е струката на нашиот пријател, тој не може да даде објективна и професионална оценка. Ѝ повторно се враќаме на претходната ситуација која може да не обесхрабри уште од старт.
Меѓутоа, дали знаете дека градежни или работи поврзани со реновирање можат да се завршат без стрес, неизвесност и разочарување? Дека самиот процес може да биде исполнет со задоволство, максимално поедноставен со минимална потрошувачка на време?
Daibau е интернет платформа за изградба и реновирање, која се занимава со успешно посредување помеѓу изведувачите и луѓето на кои им се потребни овие работи, односно клиентот. Сите оние кои планираат реновирање на бања, кујна, уредување на градината, изградба на одредена зграда или која било друга работа за која е потребна стручност и посветеност на занаетчија, конечно можат да здивнат. Целта на порталот Daibau.mk е да им олесни на клиентите овозможувајќи им брзо и лесно да дојдат до мајстор со одлични препораки и богато искуство.
Од пронаоѓање на соодветен мајстор ве делат само неколку минути, толку време ви е потребно да го пополните и испратите барањето на платформата и тоа потполно бесплатно. Се што е потребно е во истото да го наведете описот на работата, односно за кои работи станува збор, посакуваниот период на извршување на работите, како и локацијата каде што ќе се изведуваат работите. Врз основа на информациите што ги внесовте, ќе ви бидат понудени соодветните изведувачи што ви се потребни. Можете исто така да прикачите фотографии или скици во вашето барање за да опишете што сакате подетално, бидејќи системот за пребарување на платформата Daibau работи така што ги зема предвид сите ваши барања и нуди нај идеални решенија во согласност со нив. На тој начин добивате попрецизни понуди, исто како што сакате!
Доколку досега имате делумен одговор на прашањето: како да најдам добар занаетчија? со испраќање на барање, ќе бидете поврзани со изведувачи чии активности ги вклучуваат токму работите што сакате да ги направите, во временски период што ви одговара и на локацијата каде што се наоѓате. Но, како знаете дека изведувачот е посветен и сигурен? На најдобар можен начин – од прва рака.
Едноставно изберете мајстор врз основа на неговите оценки
Во рамките на порталот Daibau.mk постои опција да го оцените изведувачот и да оставите коментар во кој ќе го опишете вашето задоволство од неговите перформанси по завршувањето на работата. На овој начин се стекнувате со увид во квалитетот на услугите на изведувачот и затоа ќе ви биде полесно да ја изберете онаа што ги задоволува вашите критериуми на најдобар можен начин. Проверете какви рецензии оставиле претходните клиенти и врз основа на нивното лично искуство и задоволство, донесете одлука. Сигурно ќе бидете посмирени кога ќе знаете дека повеќе луѓе биле задоволни од вашиот иден мајстор, како и дека бил објективно оценет за неговата работа и труд. Ова е секако поверодостојна и посеопфатна препорака отколку „помош од пријател“.
Секој изведувач се труди да добие добар рејтинг и позитивен коментар, бидејќи тоа е најдобрата реклама за него. Позната е изреката – добриот глас се слуша далеку, а лошиот уште подалеку, па тие имаат тенденција да пристапат кон својата работа со голема посветеност. Сепак, за да се намалат ризиците, платформата Daibau ги проверува работењето на компанијата, искуствата на пазарот и објавува референци. Затоа, оние кои непрофесионално и некоректно ја извршуваат работата се исклучуваат од пребарувачот на изведувачи.
Откако ќе донесете одлука врз основа на оценките, останува само да се договорите со избраниот изведувач околу почеток на работите.
Дознајте кои се реалните цени за работа
Друг важен чекор пред изведба на работата е да се запознаете со трошоците. Кои се реалните цени на градежните работи? Многу е важно одговорот што ќе го добиете на ова прашање да биде точен и прецизен.
На Daibau платформата може да најдете просечни цени за поединечни работи, производи и услуги. Оваа опција ви овозможува да добиете детални информации за цените пред да контактирате со изведувачите. Затоа, не само што подобро ќе управувате со времето туку и со буџетот за реализација на проектот.
Практични решенија и актуелни настани
Во рамките на платформата постои и списание со голем број стручни текстови, корисни и интересни совети од областа на градежништвото, архитектурата, внатрешната и надворешната декорација.
Платформата Daibau може да се нарече и личен е-советник, кој ги поврзува клиентите со изведувачите на едноставен и продуктивен начин, врз основа на нивните желби и потреби. На ова место е овозможена помош на сите оние на кои им е потребна за реновирање или изградба. Базата на податоци собира на едно место илјадници локални изведувачи. Сè што треба да направите е да испратите бесплатно барање!
ПР Текст