Jysk ги затвори продавниците во Русија

Од:

Малопродажниот синџир Jysk објави дека поради моменталната ситуација одлучил привремено да ги затвори своите 13 продавници во Русија.

„Нашиот фокус од почетокот на оваа кризна ситуација беше на безбедноста на вработените во Украина. Затоа во четвртокот рано наутро привремено ги затворивме сите 86 наши продавници во Украина. Со оглед на ситуацијата во Русија, решивме привремено да ги затвориме продавниците во таа земја“, рече Руне Јунгберг Педерсен, директор за комуникации и корпоративна општествена одговорност.

На почетокот на оваа недела, Jysk одлучи да ги запре повеќето од своите активности во Русија, вклучително и натамошно проширување и потпишување нови договори за закуп, соопшти компанијата. Посочуваат и дека во исто време е донесена одлука за прекин на сите маркетинг активности во Русија.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во Русија и континуирано го прилагодуваме нашиот бизнис на сегашните околности. Сега е време да реагираме“, рече Руне Јунгберг Педерсен.

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои