ЈП „Македонски шуми“ ќе го зголемува сопственото учество во производството

Од:

Дел од нововработените во ЈП „Македонски шуми„ од огласот кој е во тек ќе бидат обучени и сертифицирани и вклучени во делот на производство кое опфаќа сеча, дотур и превоз со што ќе се зголеми сопственото учество на Македонски шуми за сметка на надворешните извршители.

Ова денеска го најави  генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, нагласувајќи дека ако Македонски шуми во дадениов момент не ангажира надворешни извршители нема да има производство и доволно огрев за граѓаните.

– Огласот за вработување е завршен и на него за 1.600 работни места вкупно аплицираа околу 25.000 апликанти. Моментално работиме на средување и расчистување на апликациите, а изработивме и специјален софтвер за критериумите кои се бараат. Очекувам до крајот на неделава да заврши средувањето на апликациите, а потоа да ги внесиме во сфотверот и до крајот на месецов да ја направиме првата ранг листа на апликантите врз основа на критериумите во огласот, рече Караџовски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека ќе се спроведат и проверки на терен за сериозните претенденти на конкурсот за да се види дали соодветствуваат податоците во апликацијата за членови на домаќинство и слично за никој да не биде оштетен и елиминиран заради било каква причина.

– Од 1.600-те лица кои треба да се примат на огласот поголем дел ќе биде преземен од страна на институциите на Владата, а дел ќе остане во Македонски шуми. Сите кои ќе влезат во Македонски шуми на работа, како и оние кои што веќе работат ќе имаат специјална обука и ќе добијат лиценци и потврди за секое работно место. На тој начин ќе се зголемува сопственото учество во производството, појасни Караџоски.

Тој истакна дека за да се има сопствено учество во производството не е важен само човечкиот фактор, туку и инвестирањето во опрема.

– ЈП „Македонски шуми“ втора година инвестира во опрема. Набавивме шест булдозери и дваесет теренски возила, а до крајот на годинава ќе набавиме и машини кои ќе влезат директно во производниот процес, како што се железни коњи за дотур и од 100 до 500 моторни пили. Сето тоа ќе предизвика намалување на процентот на надворешните извршители кои вршат сеча, дотур и превоз на дрвата, појасни Караџоски.

Тој прецизира дека до крајот на годината ќе се знае колкав ќе биде процентот на учество во производството на Македонски шуми и на надворешните извршители.

Би можело да ве интересира

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Воведена делумна забрана за движење во шума од 06:00 до 20:00 часот

Од денеска забрането за движења низ шумите, на Водно нема забрана

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра