ЈП „Комуналец“ од Гевгелија задолжено 489.015 евра, а квалитетот на водата сомнителен

Од:

Гевгелиското Јавно комунално претпријатие пред три години се задолжило кај германската КФВ Банка со заем од 489.015 евра  наменет за инвестициски мерки за санација и проширување на системот за водовод  и канализација, а проекти за подобрување на водоснабдувањето и квалитетот на водата за пиење сè уште нема.

Досега се повлечени 239.558 евра и платена е камата од 1.180 евра за остатокот од одобрените средства од заемот, кои стојат неповлечени од сметката. Заемот е со камата од 2%, на период од 29 години, со грејс-период од девет години. За време на грејс-периодот кој тече, се плаќа само каматата и провизијата за неповлечените средства.

Зошто се плаќат провизии и камати за пари што се дадени на располагање за подобрување на водоснабдувањето во Гевгелија, а градот сè уште го тресе арсенова треска, прашуваат од опозицијата во гевгелискиот Совет на општината. Со контролниот наод на Републичката агенција за храна и вода од октомври минатата година, и во уште две последователни контроли годинава, откриено е недозволиво количество арсен во три бунари од системот за водоснабдување од бунарското подрачје кај гевгелиското село Моин.

Советниците од СДСМ не присуствуваа на расправата по кварталниот извештај на„Комуналец“ со образложение дека е беспредметно да се расправа за работењето на комуналното претпријатие кога тоа последниве години не ги извршува своите основни обврски во работењето. А, тоа е: да се грижи за подобрување на квалитетот на водата во постојниот систем на водоснабдување, состојбата со депонијата, која секоја година се запалува и со денови ја задушува Гевгелија, состојбата со јавната чистота на населените места, за која наплаќа од граѓаните, а нема никакво подобрување на тој план, велат од СДСМ.

Наместо проекти за подобрување на квалитетот на водата за пиење, според кварталниот извештај на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија за периодот јануари-март годинава, не постои ниту една инвестициска ставка во целиот расходен обем од 39,2 милиони денари. Без инвестициски вложувања заврши и цела 2012 година, според  усвоената завршна сметка.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on