Јапонски грант за шест нови проекти во Македонија

Од:

Амбасадата на Јапонија во Скопје денеска ќе потпише шест грант-договори со македонски институции кои предвидуваат 368.626 евра помош за проекти во Македонија.

Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти”, основана од Владата на Јапонија.

Со јапонската поддршка ќе се спроведе рехабилитација на ОУ „Свети Климент Охридски“ во село Драслајца, Општина Струга за што се проектирани 63.676 евра, рехабилитација на ОУ „Вук Караџиќ“ во Општина Куманово со 67.830 евра, опремување на Пелагонискиот плански регион со механизација за превенција од поплави за што се доделуваат 69.360 евра, опремување на Унверзитетската клиника за гастроентерохепатологија со медицинска апаратура за што се проектирани 69.388 евра, опремување на Противпожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило за што се обезбедени 60.442 евра и опремување на Општата Болница Охрид со амбулантно возило за што се планирани 37.930 евра.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови