Банката на Јапонија очекува стапката на инфлација во следната година да достигне 2 проценти, и да остане на истото ниво и во 2020 година.
Гувернерот Харухико Курода сепак најави дека инфлацијата мора да се искачи над 2 проценти за банката да почне да размислува за менување на своите исклучително лабави монетарни полтиики.
Јапонската економија расте со солидно темпо, со пораст од 1,6 проценти во последниот квартал од 2017 година, што е пак осми последователен квартал на економски раст. Но, бавниот пораст на платите се одрази врз цените во малопродажбата, каде стапката на инфлација изнесува само 1 процент, половина од планираните стапки на Банката на Јапонија.