Јапонија најавува зголемување на стапката на ДДВ

Од:

Јапонската Влада денеска најави зголемување на ДДВ во идната година со што сака да го намали јавниот долг и покрај предупредувања за можно негативно влијание на тој потег врз економскиот раст.

Стапката на ДДВ ќе се зголеми од осум на 10 отсто во октомври идната година. Првично требаше да биде зголемена во октомври 2015 година, но во два наврата владата го оддложуваше тој потег поради стравувања за нарушување на кревкото економско опоравување.

Проценките се дека поради зголеменото ДДВ во април 2014 година економијата влегла во рецесија.

Премиерот Шинѕо Абе смета дека овојпат со мерките ќе се успее да се спречи пад на личната потрошувачка. Јапонија има огромен јавен долг и поради стареење на популацијата се соочува со огромни трошоци за социјална помош и посебно за здравственото осигурување.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он