Јапонија најави дека ќе и конкурира на Кина во областа на инвестиции во инфраструктурата во Азија

Од:

Јапонскиот министер за финансии Таро Асо најави дека неговата влада, преку фондовите на Азиската Банка за развој, (АДБ) значително ќе ги зголеми кредитите за вложувања во развојот на инфраструктурата во Азија.

Таро Асо, кој е и потпретседател на владата во Токио денеска не спомна определена бројка на средства што Јапонија има намера да ги вложи, но навести дека тоа ќе биде потег со кој АДБ ќе и конкурира на новата, од Кина основана Азиска Банка за инфраструктурни инвестиции, која ќе стартува со капитал од 100 милијарди долари.

Аналитичарите проценуваат дека ова е почеток на нова, голема стратешка политичка и финансиска пресметка на глобално ниво меѓу џиновите на светската економија. Новата Банка за инфраструктурни инвестиции, која се формира како кинеска идеја, веќе ја поддржаа 57 држави, а меѓу оснивачите покрај најголем број држави од Азија се и Велика Британија, Франција и Италија.

Јапонија одби да пристапи кон новата Банка, со образложение дека не верува во транспарентноста  на нејзините влувања. САД, исто така, одбија да пристапат со свои средства во Азиската Банка за инвестиции во инфраструктурата, наведувајќи дека Светската Банка за развој, што е под контрола на капиталот од САД е доволно моќна да ги покрие амбициозните планови за финансирање на инфраструктурата во Азија.

Веднаш по најавите од Токио дека Азиската Банка за Развој, со поддрѓка на јапонската Агенција за меѓународна соработка ќе ги зголеми инвестициите за инфраструктура, од Пекинг и Тајван стигнаа вести дека, по првичното одбивање на Кина за прием на Таипеи во АИИБ, почнале сериозни разговори за пристапување на Тајван меѓу оснивачите на новата Банка.

Државите од Азија, вкључувајќи ги Индија, Индонезија, Тајланд  и другите осум членки на АСЕАН најавија дека за обезбедување на следењето на економскиот развој во инфраструктурата до 2.025 година во овој дел на светот ќе вложат најмалку 1.200милијарди долари. Со овие средства, покрај нови аеродроми, пристаништа и авто-патови ќе се финасира и изградбата на супер брзите железнички пруги, налик на веќе постоешките во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови