Избрани новите членови на Одборот на директори на АмЧам Македонија

Од:

Членките на Американската стопанска комора во Македонија денеска на редовното Генерално собрание избраа три нови членови на Одборот на директори.

Како што соопштија, избрани се Владимир Димовски, Партнер, Меккен Ериксон Груп и Универзал Медиа Скопје, Мирјана Таневска-Ефремова, член на Управен одбор во Македонијатурист АД Скопје, Лиза Поповска, финансов директор во Пивара АД Скопје и Селим Симбил, генерален директор во Вабтек МЗТ Скопје.

Согласно Договорот за основање, новоизбраните членови имаат двегодишен мандат.

Лиза Поповска, како досегашен претседател на Одборот на директори им изрази благодарност на Ружица Филипчева и Стефан Плавјански за долгогодишното членство во Одборот на директори и нивниот придонес во унапредувањето на работата на АмЧам Македонија.

На Собранието беше презентиран извештајот за реализираните проекти во изминатите 12 месеци согласно усвоените приоритетни цели на АмЧам Македонија за периодот 2012 – 2015 година.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата