Избор на снабдувач со електрична енергија – клуч за пониски сметки за мали и средни компании

Од:

За многу мали и средни компании, трошоците за електрична енергија претставуваат значаен дел од месечните трошоци. На либерализираниот пазар на електрична енергија, бизнисите имаат можност да ги намалат овие трошоци со избирање на снабдувач и тарифен модел што најмногу одговара на нивното работење. Сепак, многу компании сè уште не ги користат целосно овие можности, честопати поради недостаток на информации за процесот и придобивките од промена на снабдувачот.

Utility costs concept. Wallet with euro and home appliances that consume energy. 3d illustration

Една од важните предности на слободниот пазар е можноста за избор на тарифен модел што одговара на потребите на компанијата. На пример, некои бизниси претпочитаат флексибилност без долгорочни обврски, додека други се одлучуваат за стабилност и предвидливост на трошоците.

Во овој контекст, EДС неодамна воведе два специјално дизајнирани тарифни модели за мали и средни компании. Моделот Без обврски“ нуди месечна флексибилност без долгорочни договори или скриени трошоци, додека 12-месечниот тарифен модел обезбедува стабилност со фиксна цена, без скриени трошоци.

The concept of the energy crisis, price increases. Euro and dollar banknotes, coins on the background of a lamp, plug, cord. Tax time, bill payment, calculator for counting. Vertical photo

Процесот на префрлање е едноставен и обично трае до 15 работни дена, во зависност од процедурите на операторите. Важно е да се напомене дека снабдувањето со новиот снабдувач секогаш започнува на првиот ден од месецот, со што се обезбедува континуирано снабдување со електрична енергија без прекини.

Според анализите на пазарот, компаниите кои го избираат својот снабдувач можат да постигнат до 30% пониски сметки за електрична енергија, создавајќи простор за значителни заштеди и реинвестирање во раст на бизнисот.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

ЕДС со нова веб-страница, промотивна понуда и амбициозни планови за 2026 година

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 ноември изнесува 147,47 евра за мегават час, на МЕМО 140,68 евра за мегават час

PPC Group: Стратешки инвестиции од 10,1 милијарди евра во периодот 2026–2028 година, со цел EBITDA од 2,9 милијарди евра

Финансиски извештај на РРC за првите девет месеци од 2025 година

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 ноември изнесува 132,01 евра за мегават час, на МЕМО 130,29 евра за мегават час