Исплатени 104,7 милиони денари за дополнителната субвенција за грозје

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје. Конкретно, исплатата е за дополнителната субвенција од два денари за килограм грозје предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017, со цел да им се помогне на лозарите, поради лошите временски услови кои негативно влијаеја врз родот.

Дополнително, со цел навремено извршување на сите агротехнички мерки, пред почетокот на годинешната производствена сезона, на лозарите им се исплатија субвенциите за одржување на лозовите насади или вкупно над 608 милиони денари.
Исплатата на субвенциите за преостанатите мерки за 2017 се одвива континуирано со цел да се запази законскиот рок за комплетно расчистување на 2017 година, односно 30-ти јуни.

Од Програмата за 2018 година, ќе се изврши исплатата на субвенцијата за тутун. Во моментов во собраниска процедура се измените на Законот за земјоделство и рурален развој, со кои што се брише условот за должници кон УЈП, што изминатите години беше пречка за исплата на субвенциите.

Измените на законот во Собрание ќе бидат на првата пленарна седница на почетокот на следниот месец, и штом се изгласаат во Собрание, ќе следува исплатата на субвенциите. Во меѓувреме, во Платежната агенција се обработуваат поднесените барања.

Оваа година субвенционирањето за тутунот е според нов модел, во три нивоа, односно субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета, четврта и дополнителните класи, соопштуваат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата