Инвестициските можности претставени на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт

Од:

Поволностите што ги нуди Македонија за отворање нови производствени капацитети беа претставени пред околу 20 компании од САД, Европа и Јапонија кои учествуваат на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт.

Македонската делегација од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводена од директорот Виктор Мизо во директните контакти со дел од компаниите веќе договорила посети на Македонија кои ќе се реализираат во текот на годината со цел тие директно да се запознаат со условите за инвестирање.

На 65. Меѓународен саем за автомобили, кој официјално ќе биде отворен утре, учествуваат повеќе од 300 изложувачи, а се очекуваат над еден милиони посетители. Станува збор за најголемиот специјализиран саем за автомобили и автомобилски делови во светот. Во текот на првите два дена на саемот премиерно се претставуваат новите модели на автомобили и се става акцент на стратегијата и концептите за идните случувања и правци во автомобилската индустрија.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата