Инфлацијата на годишно ниво во Сирија достигна рекордни 200 отсто

Од:

Инфлацијата во Сирија на годишно ниво достигна рекордни 200 отсто, а во изминатите 12 месеци сириската лира ја намали вредноста за 66,2 проценти, изјави за агенцијата Анадолија професорот по економија на Универзитетот Џон Хопкинс, Стив Х. Ханке.

Според професорот Ханке тоа значи дека домашната валута во Сирија во надворешната трговија речиси да нема никаква вредност во однос на другите валути, како и дека трговијата во земјата се одвива или ќе се одвива со помош на странски влаути или по системот на компензација.

– Изминатите 12 месеци сириската лира ја намали својата вредност за 66,2 отсто. Стапката на инфлација е значително зголемена во изминатата година, изјави Ханке, нагласувајќи дека Сирија се соочува со сериозни економски проблеми поради воениот конфликт во земјата што трае повеќе од две години.

Инфлацијата на годишно ниво порасна на 200 отсто, а месечната стапка на инфлација се движи околу 34 проценти, изјави професорот.

Ханке нагласи дека Иран, Кина и Русија прават напори за зачувување и заштита на сириската економија.

Би можело да ве интересира

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

22 мртви во нови напади во Сирија, град во близина на Дамаск отсечен од светот

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее