Индустрискиот развој го загрозува земјоделското призводство во АСЕАН

Од:

Динамичниот развој на индустријата, особено делот што во преработката уптребува природни суровини, го загрозува развојот на земјоделсвото во десетте држави од Југоисточна Азија, членки на АСЕАН. Податоците денеска ги сопшти реионалната канцеларија на ОКСФАМ, конфедерација на 17 меѓународни организации која има канцеларии во 94 држави, а главна цел и е борба против сиромаштијата.

Основна причина за намалувањето на приносите од земјоделското производство, според анализата на ОКСФАМ, се драстичните климатски промени во регионот, предизвикани од уништувањето на огромни површини од прашумите во регионот. Неконтролираното сечење во прашумите, започнато во седумдесетите години на минатиот век, кое сеуште не е запрено, предизвикува во регионот познат по обилни дождови да има се почеста појава на долготрајни суши. Проблемот е особено актуелен во Лаос, Тајланд, Мјанмар и Виетнам, каде што опаѓањето на производството во земјоделството влијаело на пад на економските резултати и до три отсто годишно.

Во АСЕАН се Филипините, Малезија, Брунеј, Сингапур, Индонезија, Тајланд, Лаос, Мјанмар, Виетнам и Камбоџа. Во регионот до 2.005 година земјоделството учествуваше се над половина од приходите од БДП, а годинава ќе биде под една третина. АСЕАН, со околу 600 милиони жители во последниве години како групација остварува економски развој, вопросек, од шест до нула отсто годишно, благодарејќи на големите инвестиции во индустријата.

Од почетокот на идната година АСЕАН ќе профункционира како Економска заедница, со правила кои ќе бидат речиси идентични на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска