Над 29 милиони комоди на шведската компанија ИКЕА ќе бидат повлечени по седмиот смртен случај, во кој што животот го загуби едно дете.
Ќе бидат повлечени неклку видови на комоди, кои што лесно може да се превртат доколку не се прицврстени на ѕид.
Кампањата за повлекување на комодите беше објавена уште во јуни 2016 година, меѓутоа смртта на деветгодишно дете од Калифорнија во мај го покрена прашањето колку ефикасно била спроведена.
Според извршниот директор, Ларс Петерсон, ИКЕА имала широка комуникација преку социјалните мрежи и веб-страниците, а испратила и електронски пораки на над 13 милиони луѓе.