„Икеа“ на чекор до отворање продавници во Индија

Од:

Шведскиот производител на мебел Икеа е на чекор до отворање продавници во Индија откако владина агенција одобри инвестициски договор вреден 1,9 милијарди долари, јави ДПА.

Икеа наведе дека има планови за отворање 25 продавници во Индија во следните 15-20 години.

Планот на Икеа беше одобрен од Бордот за промоција на странски инвестиции и сега за него треба да се расправа во федералниот кабинет.

Владата во ноември дозволи 100-отсто странска инвестиција во тој сектор, укинувајќи го претходниот сооднос од 51 отсто. Инвестицијата на Икеа ќе биде најголема според новите прописи.

Би можело да ве интересира

Лавров: Решавајте ги несогласувањата преку политички и дипломатски средства

Пакистан очекува воен напад од Индија, војниците на двете земји се држат на нишан

Трамп: Имам потенцијални договори со Индија, Јужна Кореја и Јапонија

Индискиот премиер нареди: Одлучете за цели, метод и време

26 загинати, 17 повредени во напад врз туристи во Кашмир

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски