ИКАО: Авиокомпаниите се најголеми губитници од пандемијата

Од:

Најтешките последици од корона-кризата, според проценките на релевантни меѓународни организации, ги трпат авиокомпаниите и работниците во туристичкиот сектор.

Потенцијалната глобална загуба на бруто приходот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај ќе биде помеѓу 389 милијарди и 391 милијарда долари во текот на целата 2020 година, проценува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) во својот последен извештај за ноември.

Во документот објавен на официјалната веб-страница на ИКАО, вкупниот пад на бројот на патници во авионите ќе достигне помеѓу 2,87 и 2,88 милијарди луѓе оваа година, со што вкупниот број на понудени авионски места е преполовен (пад од 51 процент).

Организацијата проценува и дека авионскиот сообраќај на патниците нема да се врати на нивото на кое беше пред појавата на пандемијата на Ковид-19 до 2024 година.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, пак, очекува вкупната загуба на приходите на авиокомпаниите да изнесува 419 милијарди долари, со негативен финансиски резултат од 84,3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Голем број авиокомпании ги суспендираа летовите кон Блискиот Исток

Горан Наумовски

Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите

Руските авиокомпании да ги задржат авионите изнајмени во странство

Американските авиокомпании откажаа стотици летови поради ширењето на омикрон

Шпанските авиопревозници очекуваат повеќе летови оваа зима отколку пред пандемијата

А1он

Ковид-пасошите ќе направат хаос и ќе се чека со часови по аеродромите, предупредија авиокомпании

Жарко Настоски