ИФО: За подобрување на економијата да се работи на зголемување на побарувачката

Од:

Една од последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус е масовниот пад на цените, за што се одлучуваат многу компании, затоа што падот на побарувачката им се заканува повеќе од проблемите поврзани со нарушувања на синџирот на снабдување, се вели во студијата на институтот ИФО.

– Резултатите од нашето истражување сугерираат дека мерките на економската политика за зајакнување на побарувачката можат значително да помогнат во стабилизирање на економијата, изјави Себастијан Линк, истражувач и коавтор на студијата објавена во публикацијата Шнелдинст, која ја објавува ИФО.

„Слабата побарувачка зема поголем данок од компаниите погодени од корона-кризата отколку недостигот на работни часови или нарушувања на синџирот на снабдување, предизвикани од пандемијата“, се наведува во соопштението од Институтот.

– Нашите наоди покажуваат дека компаниите кои се погодени од кризата, веројатно ќе ги намалуваат цените, објаснува Линк.

Тој дополнува дека политиката на намалување на цените е присутна во сите сектори, но е најиразена во големопродажбата и малопродажбата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

(ВИДЕО) Индија испука ракети кон Пакистан, цел беа неколку локации: Исламабад најави жесток одговор

Предраг Петровиќ

Фридрих Мерц е избран за нов канцелар на Германија во вториот обид