Иднината на Maserati, Quattroporte

Од:

На автомобилскиот саем во Детроит беше претставен новиот Maserati Quattroporte.

Италијанската компанијата го избра Детроит за промоција на новиот Quattroporte со оглед на тоа дека во 2012 година дури 46 проценти од сите продадени возила на Maserati се на Северно-американскиот континент.

Купувачите на новиот Quattroporte ќе можат да изберат меѓу основната верзија која користи 3.0 литарски V6 агрегат кој располага со 410 коњски сили, а забрзува од 0-100 за 4,9 секунди и достигнува максимална брзина од 285 километри на час.

Посилниот модел кој има 3.8-литарски V8 агрегат развива 530 коњи, па забрзувањето до 100-ка е за 4,7 секунди, додека максималната брзина е 307 километри на час.

Покрај верзиите со погон на задните тркала, ќе биде достапен и модел со погон на сите четири тркала, а двата модела ќе бидат опремени со 8-брзински ZF автоматски менувач што ќе го произведува Ferrari.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Сериски McLaren P1 со 903КС

Емир Латифовиќ

Mercedes-Benz ML63 AMG најмоќен до сега

Емир Латифовиќ

ФОТО: BMW 2 купе верзија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Претставен новиот Jeep Cherokee

Емир Латифовиќ

ФОТО: Нов Range Rover

Емир Латифовиќ

Volkswagen XL1 автомобил на иднината

Емир Латифовиќ