Груевски: Растот на индустриското производство позитивен показател

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека растот на индустриското производство во јули за 3,9 проценти и за 2,2 проценти во првите шест месеци од годинава е позитивен показател.

Најави дека како Влада ќе продолжат со активности кои ќе резултираат со позитивни движења во економијата.

– Тоа се позитивни податоци и движења и како Влада ќе продолжиме да правиме се што е во наша моќ да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции. Тоа е возможно со повеќе активности во креирањето поволна бизнис клима преку менување и спроведување закони кои се во интерес на бизнисот, со промоција на земјата пред странските инвеститори, како и со решавањето на многу проблеми на бизнисмените, активност која предвидува постојана комуникација меѓу Владата и компаниите. Тоа е она што предвидува постојан напредок, изјави Груевски по промоцијата на новите наслови од проектот за превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на најреномираните универзитети.

Според него, добро е што македонската економија бележи позитивни движења во време кога во земјите од Европската унија се уште се чувствуваат последиците од кризата.

– Посебно ми е драго тоа што Македонија почнува да има позитивни движења во време кога се уште Европската унија е во сериозна криза. Тоа не значи дека таа кај нас не се чувствува, меѓутоа почнуваат одредени позитивни движења кои не охрабруваат да продолжиме со нашите активности за тие да се зајакнат и во иднина, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата