Груевски: „Купи куќа – купи стан“ екстра атрактивен проект за граѓаните

Од:

Со последните промени во условите за проектот „Купи куќа – купи стан“ тој станува екстра атрактивен за граѓаните и очекувам дека значително ќе се зголеми побарувачката на овие кредити што се многу подобри од комерцијалните, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

За новите поволности за „Купи куќа – купи стан“ Собранието пред една недела усвои законски измени, со кои се изврши дополнително намалување на каматната стапка. За субвенционираниот станбен кредит од проектот намалени се каматните стапки од 4,99 проценти на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5 проценти на 4,44 проценти, за четвртата и петтата година, за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

Намалувањето на каматната стапка, нагласи Груевски, дополнително ќе им помогне на граѓаните. – Пресметката е дека ако земат стан или градат куќа во вредност од околу 50 илјади евра само ова намалување ќе направи дополнителна заштеда од околу 1.800 евра. Во однос на комерцијалните цени заштедата е некаде помеѓу две илјади до три илјади евра, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на изградбата на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип.

Според Груевски, подобрените услови се сериозна помош за оние кои немаат многу средства и сакаат да дојдат до одреден износ за да уплатат стан и потоа да ги плаќаат ратите за главницата и за каматата.

– Ова ќе даде дополнителен импулс и на градежниот сектор, но што е најважно ќе помогне на многу семејства да дојдат до стан или да изградат сопствена куќа, изјави Груевски.

Владата, потсети, и претходно во неколку наврати изврши подобрување на условите и давање пристап на поголем круг лица да можат да аплицираат. Со законски измени се овозможи добивање субвенциониран станбен кредит и за лица кои имаат во сосопственост најмногу до половина стан односно куќа стекнати по основ на наследство. Се зголеми и прагот на максималните месечни приходи, еден од условите за добивање субвенција, од 900 на 1.300 евра за лицата кои се во брачна заедница.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада