Груевски: Извештајот на Светскиот економски форум доказ за успешноста на реформите

Од:

Скокот од седум места за Република Македонија во Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум е доказ за успешното работење и реформите во државата кои се клучни за економскиот развој, изјави денеска во Миравци премиерот Никола Груевски.

– По прв пат во историјата имаме скок од седум позиции. Тоа е клучно за развојот на економијата, тоа е доказ за успешното работење, промените и реформите. Не само што донесовме закони, туку и ги имплементиравме, а тоа се цени при подготовката на овој Извештај, рече Груевски.

Тој нагласи дека Македонија е земја со најголем раст во регионот и над просекот во регионот. Посебен државен тим работи на оваа проблематика, а ова позитивно придвижување го чувствуваат не само инвеститорите, туку и во домашната економија се чувствуваат позитивните промени.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата