Груевски: Економска дипломатија и медиумска промоција за привлекување инвестиции

Од:

Домашните компании покрај задржување на европскиот пазар, треба похрабро и поагресивно да се насочат и кон освојување на т.н. трети пазари, за кои се борат и земјите од ЕУ и САД, порача премиерот Никола Груевски во денешното обраќање пред бизнис заедницата.

Тој ги посочи пазарите во Азија, вклучувајќи ја и Русија со поранешните советски републики и пазарите во Африка. Со цел да се помогне во оваа насока, шефот на Владата најави отворање нови амбасади во Казахстан, Јапонија, ОАЕ, Бразил, а веќе се испратени, рече, економски промотори во Азербеџан, Катар и наскоро во Дубаи.

Подвлече, меѓу другото, и дека над 70 проценти од капацитетите на дипломатијата е насочена кон економската дипломатија, но, вели, недостасува иницијатива од домашниот бизнис сектор. Освен разгранетата мрежа на промотори кои наскоро ќе достигнат 30, и пренасочената дипломатија кон економски цели, а по одличните искуства со двата министри за привлекување странски инвестиции, ангажиран е и трет министер Џери Наумов, кој доаѓа од Чикаго.

Најави и нови промотивни бизнис форуми во контекст на меѓународната промоција на земјата како привлечна бизнис дестинација.

– Владата планира склучување аранжман, односно договор со угледниот „Фајненшл Тајмс“ и со магазинот „Форбс“ во правец на организирање 14 инвестициски форуми од нивна страна за Република Македонија на кои тие се обврзуваат да привлечат одреден број на компании – потенцијални инвеститори, на кои високи владини претставници, но и претставници на странски компании, кои веќе имаат инвестирано во Македонија, ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија, соопшти Груевски.

Тој додаде дека во меѓувреме, до крајот на годината Владата ќе продолжи со претходно зацртаните роуд-шоуа, а ќе продолжи и со медиумската презентација на Македонија на најпознатите меѓународни медиуми за привлекување инвестори и туристи.

– Постигнавме согласност со Си Ен Ен Интернешнл и во наредните три години Македонија да се рекламира на овој медиум со ист износ на средства како и досега. За возврат самата продукција на Си Ен Ен бесплатно да сними повеќе спотови за Македонија  како туристичка и како инвестициска дестинација кои освен на Си Ен Ен може да ги емитуваме каде сакаме во рекламни цели за Македонија, рече премиерот Груевски.

Тој најави дека следната година, освен на стандардните медиуми на кои се промовира земјата, реклами и во најтиражните кинески печатени медиуми.

Информира дека од денеска на веб страницата на Агенцијата за странски инвестиции по прв пат објавен е новиот регистер за слободни хали во Македонија со сите податоци за нив, кој ќе биде корисен за тн браунфилд инвестиции, странски или домашни.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница