Груевски: Две турски компании од областа на медицината ќе градат фабрики во Бунарџик

Од:

Две турски компании од областа на медицината наскоро ќе изградат свои капацитети во ТИРЗ „Скопје 1“ – Бунарџик, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Струмица и Ново Село.

– Се работи за две одделни компании од областа на медицинската индустрија кои ќе градат две фабрики во кои ќе вработат вкупно 600 луѓе. Наскоро на Влада треба да помине договорот со нив и потоа веднаш да почнат со изградбата на своите капацитети во Бунарџик, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека има повеќе други странски компании кои се заинтересирани за вложување во Македонија и со кои преговорите се при крај. Некои од нив, нагласи, дури и неформално имаат кажано дека донеле одлука за инвестирање, но се уште немаат дадено согласност тоа да се објави.

– Се додека не добиеме согласност не можеме да им ги кажуваме имињата. Тоа е дел од деловната етика кога станува збор за инвестиции независно дали се странски или домашни, потенцира Груевски.

Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на Струмичкиот регион и го означи почетокот на изградбата на ТИРЗ „Струмица“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница