Грозданов: Светот вложува во минерали, а ние?

Од:

Светот вложува во минерали, а ние, прашува металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во својата последна колумна и вели дека новите геостратешки односи кога се во прашање минералите бараат сериозен пристап кон овие тенденции зошто се поочигледно е дека светот се дели на основа на употреба на метали пред се во цивилната и воената инфраструктура, вештачката интелигенција и пошироките сегменти на глобалните сегменти на снабдување.

„Очигледно е дека американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да зависи од еден извор на снабдување и дека таквиот начин го смета за стратешка закана за неговата земја и нејзините партнери и затоа презеде иницијатива за создавање на коалиција против доминацијата на Кина во светот на ретки и стратешки метали…Во исто време не седат мирни ниту Кинезите. Го пронајдоа најбогатото наоѓалиште на злато. Неверојатни високо рудно сконцентрирани 1.000 тони злато“, пишува Грозданов.

Тој потсетува дека во рамки на Европската Унија се планираат инвестиции во вредност од неколку милијарди евра во рударскиот сектор. Но, вели она што загрижува едноста на дел од македонските политички чинители кон рудното богатство и рударската индустрија.

„Одредени политичари кои се претставува како екологисти си даваа за право да коментираат дека граѓаните во Mакедонија и Србија не сакаат злато и литиум. Одговор на ова прашање даде поранешната министерка за енергетика во Србија г-ѓа Михајловиќ кога пренесе информација дека НИС финансирал разни еколошки друштва (невладини организации) за да протестираат ширум Србија против рудниците како Бор за бакар и злато и рудникот за литиум во Лозница, за да може во иднина да ги земат по многу мала цена Русија и Кина“, пишува Грозданов во својата колумна.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Екологијата не е шоу, туку наука

Грозданов: Наскоро сите граѓани ќе знаат со колкава минерално богатство располага Македонија

Грозданов: Рударството е современа индустрија – да ги слушаме експертите, а не најгласните!

Грозданов: Со строг надзор, рударството може повторно да биде столб на македонската економија

Грозданов: Критичниот метал бакар го имаме во сериозни количини и Македонија може да има многу финансиски придобивки

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот