Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе доби вредна донација од инвертер клима уреди и 250 новогодишни пакетчиња

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција за поддршка на ЈУОДГ „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе.

Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година; 3 диспензери за вода, за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот; 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници.

Како знак на благодарност за поддршката на компанијата и беше доделена официјална благодарница од страна на установата.

Со донацијата, компанијата уште еднаш ја истакна својата долгогодишна посветеност кон заедницата и одговорното општествено делување.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

А1он

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст