Градинарите бараат на терен да се види што и колку се сади

Од:

Невообичаено високите температури за овој период од годината ги поместија сеидбените рокови во градинарството. Наместо по 20 јануари, пролетната зелка интензивно се сади од ноември, а не е исклучено идниот месец да почне и садењето на доматот, пиперот, краставицата, младиот компир, чиј вообичаен рок е средината или крајот на март.

– Времето е идеално за пролетната зелка. Затоа почнавме со засадување пред време, кон крајот на ноември, почетокот на декември, иако оваа култура обично се сади по 20 јануари. Ако продолжи ваквото време, со темепратури над нулата, нема да биде изненадување по 20 февруари да почне и засадување на доматот, пиперот, краставицата, младиот компир,…, кои обично се садат од 15 до 20 март, вели за МИА претседателот на синдикатот на земјоделци од струмичкиот регион Ристо Велков.

Тој апелира надлежните институции да излезат на терен, да се информираат што и колку се сади за ако има потреба, да преземат соодветни и навремени мерки.

Би можело да ве интересира

Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите

Раноградинари од струмичко: Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка

Ана Ололовска

За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година

Ана Ололовска

Раноградинари од Струмичко бараат контролирано отворање на пазарите

Ана Ололовска

Град го уништи раноградинарското производство во кумановско Режановце

Ана Ололовска

Исплатени 77,6 милиони денари субвенции за градинарски култури

Ана Ололовска