Горивата од ноќеска на полноќ поскапуват за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,5, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 61,5, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 50,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,895 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,863 денари.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 2,145 отсто и кај дизелот за околу 5,395 отсто, како и за 0,616 отсто повисокиот курсот за денарот во однос на доларот.