Горивата поскапуваат за денар до денар и половина

Од:

Цените на бензините и на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87, односно 1,34 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар по литар и сега ќе чини 85 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1,5 денари и ќе се продава за 87 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за денар по литар и ќе изнесува 72,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапи за половина денар по литар и ќе се продава за 61 денар по литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,675 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 43,603 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,56 отсто повисоката  просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,36 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95