Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари, а цената на дизел горивата се зголемува за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,41, односно за 4,11 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 81 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 3 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 83, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 70, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари за литар.
За 1,458 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 41,883 денари за килограм.
Како причина за поскапувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,05 отсто повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,48 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.