Горивата поскапи за половина денар

Од:

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09, односно за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 54,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 43 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,02 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,333 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,03 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95