Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18, односно за 0,71 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 38 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,169 деанри за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 21,788 денари за килограм.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,71 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,16 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.