Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се продаваат по пониски цени за 3,5 денари.
Сопоред Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 39 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и чини 27,5 денари.
Со одлуката на РКЕ за 2,467 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 12,857 денари за килограм.
Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.