Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за една година пораснал за 40 отсто

Од:

Во Македонија бројот на корисници на водечката светска платформа за размена на криптовалути Binance е за 40 отсто повисок во споредба со 2023 година, а околу 11 проценти од македонската популација се корисници на крипто валути.

Ова беше соопштено вчера во Скопје, во преполната сала на собирот за вмрежување што го организираше Binance, каде што присуствуваа повеќе од 400 луѓе заинтересирани да се сретнат со претставниците на Binance, да научат нешто повеќе за криптовалутите, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства.

„Успехот на Binance не беше ништо помалку од магија. Нашиот екосистем расте и горди сме што сме ја имаме довербата од корисници низ целата планета. Воедно, сметам дека е извонредно тоа што македонските граѓани одлично го разбираат криптото, особено ако се спореди со одредени држави од регионот“, изјави Сандро Слукан, маркетинг лидер во Binance.

Полина Бротиер, маркетинг менаџер во Binance, пред присутните го претстави eкосистемот на платформата за тргување, a акцент беше ставен и на тоа дека нивни топ приоритети се безбедноста и транспарентноста.

„Постојано организираме тренинзи, а фокусирани сме и на донаторски проекти, како на пример за поплавите во Босна и Херцеговина, за Украина беа изработени специјални крипто картички од Binance, помагавме и кога се случуваа поплавите во Италија. Освен што помагаме на многу луѓе во многу држави, се фокусираме и на едукативниот дел, преку формирање на Академијата Binance, која овозможува бесплатна и локална едукација за блокчејн технологијата. Таму се објавени 800 написи на 31 јазик, а корисниците имаат пристап и до бесплатни видео курсеви “, изјави Бротиер.

На големиот собир беше претставена и Angels програмата, каде што можеа да се слушнат и сведоштва од корисници во однос на вмрежувањето, организирањето тренинзи, настани и вебинари кои овозможуваат корисниците да го продлабочат своето знаење за берзата за размена на криптовалути.

Стотиците учесници на собирот воедно имаа можност да учествуваат во наградна игра и да го тестираат своето знаење за Binance, како и можност да разговaраат со претставниците на најголемата платформа за тргување со криптовалути.

Вчерашниот собир беше уникатна можност на едно место да се соберат крипто-ентузијастите, експертите од оваа индустрија и инвеститорите заинтересирани за дигиталните средства и за блокчејн технологијата.

Според годишниот извештај на Binance за 2024 година, платформата има над 260 милиони регистрирани корисници до крајот на годината, што ја истакнува значајната експанзија и популарност на оваа платформа во крипто индустријата.

Би можело да ве интересира

Binance доаѓа во Скопје: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!

A1on

Неовластените трејдинг ботови нова безбедносна закана во крипто-светот: за две недели изгубени над 18.000 USDT

A1on

Binance воведува демо тргување за корисниците во Македонија

A1on

Анкета за крипто пазарот: Корисниците се насочуваат кон сигурни и реални инвестиции

A1on

Binance предупредува за нов бран крипто-измами преку WhatsApp

A1on

Четири клучни алатки за заштита на сметките на Binance

A1on