Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство

Од:

Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на 18. Д енови на мед во Куманово. Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ – Куманово.

Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.

– Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари, изјави Ристовски. Рече дека г одинава производството е нешто послабо од лани поради климатските услови во екот на пчелната паша.

Пчеларите што учествуваат на манифестацијата истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.

Во Куманово има околу 150 пчелари, а во здружението членови се скоро 60.

Манифестацијата ќе трае три дена, а на денепното отворање присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, како и пчелари и претседатели на пчеларски здруженија од Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска